Шалке за малку ќе добиеше седмица од Реал (М)

Историска победа од 6:1 над германскиот бундеслигаш Шалке, забележа шпанскиот гигант Реал (М) во првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Напаѓачкото трио на “кралскиот клуб”, Роналдо-Бензема-Бејл беше нерешлива енигма за противничките дефанзивци, а тројцата постигнаа под два погодока и со тоа ставија крај на сите дилеми кога е во прашање патникот во следната елиминациска рунда од Лигата на шампиони.

Почесниот погодок за домаќините беше дело на поранешниот фудбалер на Реал (М), холандскиот интернационалец, Клас-Јан Хунтелар.

Многу поголема неизвесност имаше на првиот 1/8 финален дуел помеѓу преставниците на Турција и Англија, Галатасарај и Челзи, а истиот заврши без победник, 1:1.

Челзи прв дојде во водство со погодокот на шпанскиот интернационалец Фернандо Торес, а израмнувачкиот погодок, постигнат во 64 минута, беше дело на одличниот играч за врска, Аурелиен Чедју.