
Каталонскиот гигант Барселона и фудбалскиот храм “Ноу Камп” ќе биде следната дестинација на најголемиот хрватски талент од редовите на Динамо (З), Ален Халиловиќ.
И Шпанските и хрватските медиуми ја пренесоа информацијата дека двата клуба постигнале договор околу најавениот трансфер на 17-годишниот играч за врска, а Динамо (З) треба да заработи околу 10 мил. евра од продажбата на Халиловиќ.
Дека се договорени и последните детали потврди и младинскиот репрезентативец на Хрватска кој откри дека Динамо (З) е и ќе биде негова најголема љубов.
“Сакам да му се заблагодарам на Динамо (З), на мојот прв клуб, на мојата најголема љубов. Сега е време за Барселона”, изјави Халиловиќ.