
Британците вчера беа сведоци на редок, прекрасен феномен на природата, неверојатната Аурора бореалис која го освети небото во нијанси на црвено и зелено.
На северниот пол, оваа појава се нарекува aurora borealis или северна зора и го добила своето име по римската божица Аурора и грчкиот назив на северниот ветар, Бореас. Најчесто се појавува во два периоди од годината: септември и октомври и март и април. На југот, поларната светлина се нарекува aurora australis или јужна зора.