
Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ зад себе остава уште една успешна година, а за тоа сведочат и официјалните бројки кои што произлегуваат од неревидираниот консолидиран Биланс на успех, објавен на страницата на Македонска берза.
Од први јануари до 31-ви декември минатата година, „Алкалоид“ оствари нето добивка по оданочување во висина од 600 милиони 452 илјади денари, додека истата таа во 2012-та година била 583 милиони 763 илјади денари.
Вкупните приходи на компанијата, во овој пресметковен период, се седум милијарди 97 милиони 599 илјади денари, додека во 2012-та се прокнижени шест милијарди 788 милиони 633 илјади денари.
Од нив, на домашен пазар се реализирани три милијарди 122 милиони 867 илјади денари, додека на странски пазари е три милијарди 974 милиони 732 илјади денари.
Во овој период во „Алкалоид“ се реализирани 73 нови вработувања.