
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повеќе сончеви периоди.
Кон крајот на денот и во ноќните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје и околината не очекува сончево и релативно топло, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.