
Грција во текот на изминатата година била најпродавана туристичка дестинација во Србија и таа земја во 2013-та ја посетиле 700.000 туристи од Србија.
Од друга страна, голем е бројот на грчки туристи кои ги посетуваат српски бањи и скијачки центри, особено Копаоник, додека за празниците омилена дестинација им е Белград.
Србите, како што наведуваат податоците, особено го сакаат северниот дел на Грција, а очекуваат дека Грците се’ почесто ќе ги посетуваат значајните културни и верски значајни места во Србија.