Кевин Дурант немаше милост за Мемфис

Тимот на Охлахома сити ја прекина серијата од три последователни порази, откако славеше над Мемфис со 117:113. Најзаслужен за победата беше Кевин Дуран, кој постигна 37 поени, додека Вестбрук постигна 21 поени.
Изминатава ноќ во НБА лигата ја одбележа и Горан Драгиќ, кој со рекорд на кариерата од 40 поени го водеше Феникс до победа над Њу Орленас со 116:104. Во дербито на Калифорнија, Лејкерси славеа против Сакраменто со 126:122.
Резултати: ЛА Лејкерс – Сакраменто 126:122, Феникс -Њу Орлеанс 116:104, Далас – Чикаго 91:100, Сан Антонио – Шарлот 92:82, Оклахома – Мемфис 113:107. Њујорк – Голден стејт 103:126, Кливленд – Јута 99:79