Русија се противи на посредничката мисија на Крим

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, изјавил дека било какво движење на руската војка на Крим е во рамки на постојните аранжмани на Москва со Украина.

„Ние работиме во рамки на тој договор“, рекол Чуркин, по состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации одржан зад затворени врати.

Тој не открил други детали, ниту коментари во поглед на разместување на руската војска на украинска територија.

Чуркин навел дека Русија е против наметнување на услуги од евентуална посредничка мисија за Крим со цел решавање на ситуацијата на полуостровот.

„Прво треба да се праша власта на Крим што мисли за тоа. Ние сме против наметнување на посредници“, рекол Чуркин.

Претходно, американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер рекла дека САД се залагаат за итно испраќање на меѓународна мисија во регионот со цел смирување на напнатоста.