Ирак го собори 20 години стариот рекорд во извоз на нафта

Извозот на ирачка нафта во февруари достигна рекордни нивоа, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на ирачкиот заменик премиер Хусеин аш Шахристани.

Во февруари производството на нафта во Ирак достигна 3,5 милиони барели на ден, а извозот скокнал до 2,8 милиони барели дневно.

Ирачки претставници се надеваат дека до 2017 година земјата ќе произведува девет милиони барели нафта дневно.

Последен пат ова ниво било достигнато од ирачка страна пред точно 20 години, откако Садам Хусеин го окупира Кувајт во 1990 година. Оваа инвазија предизвика ембарго и меѓународни санкции.