
Во просториите на Музејот на македонската борба – Скопје, в понеделник, 3 март, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена картофилската изложба „Убавините и богатствата на македонските цркви и манастири“. Мотото на изложбата е Сочувување на нашето национално духовно богатство.
Изложениот материјал е од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ, а збирката ќе ги претстави најзначајаните духовни светилишта во Македонија низ богат картофилски материјал.
Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966) е истакнат колекционер и автор на бројни научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Зад неговото име стојат повеќе од 15 фотографски, филателистички и картофилски изложби на историски, културни спортски теми.