Флорентино Перез опседнат со Серхио Агуеро

Шпанските медиуми се убедени дека претседателот на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез се уште се нема откажано од намерата да ги осигура услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Веќе на сите им е познато дека првиот човек на „кралскиот клуб” е опседнат со поранешниот фудбалер на Атлетико (М), кој постојано изјавува дека е среќен во Англија и не размислува за никаква промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

Иако има статус на недопирлив на „Итихат”, шпанските медиуми се убедени дека таквата состојба може да биде променета само доколку понудата на Реал (М) за неговите услуги не биде помала од 60 милиони фунти.