
Додека ситуацијата во Украина станува се’ понапната, луѓето на Крим се сликаат со руски војници.
Под фотографија со еден руски војник, една девојка на „Инстаграм“ напишала – „наслатки момци“. На друга фотографија се гледа како мајка со две деца се смешка покрај вооружен маж. Сите овие фотографии кружат низ социјалните мрежи.