
Собранието денеска ќе го одржи продолжението на 84-тата седница, а ќе бидат одржани и седници на две комисии.
На дневен ред се два предлог-закона во скратена постапка – за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Овие два предлог-закона, по скратена постапка, ќе бидат и на седниците на Комисијата за транспорт врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.