Овен
Малите проблеми ја прават врската поинтересна. Тоа за вас не е ништо бидејќи навикнавте на осцилации. На полето на кариерата е се’ потешко, но ќе имате прилика да се вратите на старите патеки. Здравјето ви е добро.
Бик
Потребен ви е мир, бидејќи во последно време немате желба да ја одржувате врската. Подгответе се за радикални промени на полето на кариерата. Здравјето ви е чувствително.
Близнаци
Немате јасна слика за партнерот бидејќи тој го крие она што го мисли и чувствува. Насочете се кон усовршување и проширување на знаењата. Немате проблеми со здравјето.
Рак
Треба да му верувате повеќе на партнерот одошто на другите луѓе. Тешко ќе се задржите на една работа и ќе имате потреба за промена. Можни се проблеми со грлото.
Лав
Од утре почнува убав период за нова љубов. Искористете ги деновите кои што ќе ви донесат мир. Наскоро ќе знаете што треба да направите. Здравјето ви е добро.
Девица
Се презаситивте од врска и не знаете веќе што да правите. Вистински момент е да тргнете напред и да започнете нешто ново. Здравјето ќе ви биде добро.
Вага
Ви претстои интересна средба и бурен емотивен период. Денеска нема лесно да ги поднесувате критиките. Здравјето ќе ви биде чувствително уште неколку дена.
Скорпија
Ве очекува интересен и пријатен ден, преполн со убави изненадувања. Може да се најдете на многу моќна позиција. Добро се чувствувате и немате проблеми со здравјето.
Стрелец
Ви претстои интересна средба во некој убав ресторан или клуб. Успехот на работа не е целосен, мора повеќе да се трудите и да не избрзувате. Стомакот ви е чувствителен.
Јарец
Ќе имате повеќе причини за задоволство. Веќе нервите ви се при крај бидејќи деловната ситуација не е таква каква што очекувавте. Можна е зголемена нервоза.
Вага
Ќе имате нагласена потреба за излегување и дружење. Имате оптимистички очекувања и се’ повеќе идеи, но бидете внимателни. Здравјето ви е добро.
Риби
Ви годат комплиментите, но подобро насочете го вниманието кон партнерот. Сакате да ја подобрите финансиската ситуација, но не знаете како. Здравјето ви е добро.