
Корисниците од улиците Александар Бујнoв, Петар Манџуков, Бетовенова и од населбата Шуто Оризари денеска од девет часот ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод“.
Прекинот е поради промена на два затворачи на раскрсницата на улицата Бетовенова со улицата Александар Бујнов, а ќе трае се’ до санирање на потребните активности.