
Освен дека Милан не сака да го копира големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Јувентус, новиот предводник на„“росонерите”, Кларенс Сидорф додаде дека ништо не е готово кога е во прашање популарното „скудето”.
„Милан не се обидува да биде како Јувентус, Милан не игра како Јувентус, Милан не го копира Јувентус. Ние сме Милан и сакаме да бидеме само Милан. Точно дека Јувентус има голема бодовна предност и дека сите имаат впечаток дека Јуве е недостижен за конкуренцијата. Сепка, според мене, ништо не е сигурно кога е во прашање ’скудетото’. Рома има фантастичен тим и можно е да направат некој кам-бек. Нема ништо сигурно во фудбалскиот свет. Јас сум реален и тешко е за верување дека Јуве може да прокоцка таква бодовна предност”, изјави холандскиот стручњак.