
Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат кон граничниот премин Деве Баир.Внимателно возење е потребно на патниот правец Куманово-село Страцин поради одрони на патот.
Појава на магла со видливост од 70 до 100 метри има на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.