
Осумнаесет нови гласчиња се слушаат на скопската Клиника за гинекологија и акушерство.
Девет прекрасни девојчиња и исто толку силни момчиња се родиле во изминатото деноноќие.
Од Гинекологија не информираат дека најмалото од новороденчињата е момченце кое тешко 2.150 грама, додека најголемо е едно од девојчињата кое има родилна тежина од точно четири килограми.