
Две лица, за кои се сомнева дека се поврзани со опожарување на зградата на Претседателството и Архивата на Босна и Херцеговина, во текот на демонстрациите во Сараево на седми февруари, се наоѓаат во притвор, додека уште пет лица се сослушани и пуштени да се бранат од слобода.
Припадниците на Федералната управа на полицијата уапсиле едно лице од Сараево, кое што е осомничено за кривично дело тероризам поради напад и палење на зградата на Претседателството на БиХ и Архивата на БиХ.
Двете лица се сослушани, а до одлуката за притвор се сместени во притворската единица на Судот на Босна и Херцеговина.
Во текот на демонстрациите кои пред повеќе од еден месец почна во градовите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, а на седми февруари прерасна во нереди, гореа повеќе згради.