Раководните лица на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М) испратија јасна порака до челниците на италијанскиот калчо гигант Јувентус дека за време на летниот преоден рок ќе испратат неморална понуда за францускиот интернационалец Пол Погба.
За време на последното интервју кое го даде за познатиот спортски весник во Шпанија, “Марка”, легендарниот репрезентативец на Франција и моментално прв помошник на актуелниот тренер на Реал (М), Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, откри дека повторно го посоветувал клупскиот преседател, Флорентино Перез веднаш на стартот од летниот преоден рок да испрати официјална понуда за фудбалерот на Јувентус.
Младиот игра за врска има статус на недопирлив но челниците на Реал (М) се убедени дека Јувентус ќе седне на преговарачката маса доколку официјалната понуда за Погба не биде помала од 60 мил. евра.
Репрезентативецот на Франција моментално има годишна плата од 1.5 мил. евра, што е за 3.5 мил. евра помала од таа што веќе му ја понудија раководните лица на Реал (М).