
Убавицата од Барбадос го преиспитала својот живот и одлучила дека е време да се направи убедлива промена во него. По неколку непријатни средби во љубовта, што финално завршија со хематоми и траги од тепање, Ријана е подготвена на судбоносен чекор.
Според добро упатени и блиски извори до пејачката, Ријана и нејзиниот колега Дрејк ја продлабочиле и зацврстиле својата врска, па логично е следниот чекор да биде свадба.
„Дрејк е џентлмен и се однесува со неа повеќе од добро“, велат добро упатените извори.
Колку и да е успешна една жена во својата кариера, нема ништо поважно од семејството. И тоа е веројатно причина ѕвездата да сака во иднина да биде не само потврдена пејачка,туку и сопруга на својот љубен маж и среќна мајка.