Шефот на македонската дипломатија во работна посета на Германија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, утре ќе оствари работна средба на Берлин.

За време на посетата, министерот Попоски ќе има средба со својот германски колега, Франк Валтер Штајнмајер. Тој исто така ќе има настап во Комисијата за ЕУ прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, како и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјал-демократската партија и Христијанско-демократската унија.

Предвидено е министерот Попоски да има одделни средби и во Кабинетот на Сојузниот Канцелар, со советниците за надворешни работи и за европски прашања, како и работен брифинг во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.