
За период од осум години износот на социјалната помош е зголемен за 47 отсто, па така во 2006 година оваа категорија на граѓани добивале по 2.900, а сега по 4.300 денари, пренесува „Сител“.
Според статистиката, за истиот период бројот на корисници на социјална парична помош е намален за речиси 30.000 лица или за 46 отсто. Во 2006 година помош од државата добивале 64.000 лица, лани оваа бројка изнесувала 34 000 лица.
За 46 проценти е зголемена и постојаната парична помош односно средствата што ги добиваат лицата кои се болни и неспособни да работат.
Овие лица во 2006 година добивале по 3.700 денари, а во 2014 година оваа сума е зголемена на 5.392 денари. Според статистиката, бројот на лицата приматели на постојана парична помош е зголемен за 14 отсто.
Средсствата за социјална помош од 2006 година постојано се зголемуваат. Последното покачување е месецов и тоа за пет отсто. За оваа намена за годинава предвидени се 60 милиони денари.