САД ги осуди руските воени дејства во Украина

Претставничкиот дом на САД со мнозинство гласови ги осуди руските воени дејства во Украина. Гласање беше претежно од симболично, отколку од суштинско значење, додека Конгресот продолжува да е поделен во врска со реакцијата на кризата во Крим, пренесоа локалните медиуми.

Гласуваната резолуција доби поддршка и од двете партии во пресрет на посетата на украинскиот премиер Арсениј Јаценјук во Вашингтон, каде што се очекува да се состане со водачите во Сенатот и Претставничкиот дом, потоа да оствари разговор и со претседателот Барак Обама.