
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон пристигна во посета на Сараево, пренесуваат локалните медиуми. Се очекува денеска Ештон да се сретне со претставници на институциите на Босна и Херцеговина, како и со претставници на граѓанското општество.
„Доаѓам за да се сретнам со претставници на институциите и граѓанското општество, да ги слушнам нивните ставови за тоа како мислат да ги решат проблемите на граѓаните, особено економските и социјалните“, рекла Ештон.