
За тендер доделен од неговата Влада Груевски обвинува некој друг, велат од Социјалдемократскиот сојуз реагирајќи на прес конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.
„Прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ стануваат од смешни, посмешни. Ако е и од Влатко Ѓорчев многу е. За тендер доделен во 2014, од страна на Владата на Никола Груевски на определена фирма, да биде обвинувана Радмила Шекеринска, во најмала рака е небулозно“, се вели во писмената реакција.