
Со боксови и тупаници нападнат средношколец во скопска гимназија.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во средното државно училиште „Зеф Љуш Марку“ бил нападнат 16-годишн иот М.Ф. од својот врсник З.Ј,
Малолетниот насилник без повод и причина со тупаници и боксови го удирал М.Ф. во пределот на главата.
По целосно расчистување на случајот против З.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.