
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, синоќа се сретнал со премиерот Андонис Самарас и неговиот заменик Евангелос Венизелос во врска со обновените преговори меѓу грчките власти и претставниците на меѓународните кредитори, соопшти весникот „Катимерини“.
Извор од Министерството за финансии истакна дека иако има неколку преостанати нерешени прашања во рамките на разговорите е постигнат напредок, а доверителите , како и грчките власти сакаат да завршат овие седуммесечни преговори што побрзо.
Поради тоа, двете преговарачки страни ќе се стремат да го завршат процесот до неделата.