
Европскиот суд за човекови права ја прифати жалбата на Украина, која ја обвинува Русија за кршењето на членот 33 од Европската конвенција за правата на човекот. Ова е наведено во соопштението на прес-службата на ЕСЧП, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Судот ги повика и двете страни да се воздржат од какви било активности што можат да повлечат по себе повреда на правата и слободите на човекот, се истакнува во соопштението.
Во него се вели дека во согласност со 39-та точка од Регулативата на ЕСЧП за привремени мерки, Владата на Русија треба да се воздржи од чекори кои можат да претставуваат закана за животот и здравјето на цивилното население на територијата на Украина.