
Од Фудбалската федерација на Македонија потврдија дека претседателот, Илчо Ѓорѓиоски, по укажаната помош е пуштен на домашно лекување, а лекарскиот преглед покажал дека има скршеница на десната рака, но и дека се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Куманово, и во која животот го загуби директорот на фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски, со потешки повреди се здобиле и тим-менаџерот на селекцијата до 21 година, Зоран Зафиров, како и вработената во одделот за маркетинг во ФФМ, 24-годишната Рахила Илиев.