
Осумнаесетгодишен гостиварец со клоци и дрвен стап и претепал неговите баба и дедо, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Бесниот Ј.И. во куќата на неговиот дедо, 69-годишниот М.И., физички ги нападнал него и неговата сопруга, удирајќи ги со клоци и стап во пределот на телата.
Полицијата го привела Ј.И., а презема мерки за целосно расчистување на случајот.