Претрес во домот на пилотот на малезискиот Боинг 777

Полицијата на Малезија извршила претрес во домот на пилотот на авионот „Боинг 777“, откако тамошните власти утврдиле дека леталото било пренасочено од претходно трасираниот курс.

Претресот во домот на пилотот Захари Ахмад Шах бил извршен откако тамошниот премиер Наџиб Разак соопштил дека истрагата утврдила дека комуникацијата на авионот со контролата на летање била намерно прекината пред тој да пристигне до источното крајбрежје на Малезија.

Малезискиот премиер нагласи дека авионот по помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур, одденаш го променил правецот на движење од североисток кон запад во момент кога се наоѓал над северниот дел на Малајскиот Проток и тогаш дошло и до прекин на комуникациите меѓу „Боингот“ и контролата на летање.

Според Разак, сателите продолжиле да го следат сингналот авионот и откако тој исчезнал од радарите на контролата на летање. Последниот сигнал на авионот сателитите го регистрирале 7 часа и 31 минута по неговото полетување.

Во потрагата по мистериозно исчезнатиот авион учествуваат 43 бродови и 58 авиони од вкупно 14 држави.

Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот на летот Куала Лумпур – Пекинг исчезна минатата сабота.