Во Србија утре ќе се одржат вонредн парламентарни избори, на кои што право на глас имаат шест милиони 765 илјади 998 граѓани.
На збирната изборна листа има 19 листи на партии и групи граѓани, на кои што има вкупно 3.020 кандидати за пратеници.
Во земјата на сила е предизборен молк кој што подразбира забрана за изборна пропаганда, до затворање на гласачките места, утре во 20 часот.
Гласачките места ќе бидат отворени во седум часот, а затворени во 20 часот, кога и престанува изборнит молк.
Според податоците на државните институтици, во странство живеат околу четири милиони српски државјани, но според податоците на ДКП-та за гласање се пријавиле околу 3.500.