
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани јавно застана во одбрана на контроверзниот напаѓач, Марио Балотели кој пак се’ почесто е критикуван од најверните фанови на седумкратниот европски клупски шампиони кои по натпреварот против Парма побараа и да биде продаден за време на летниот преоден рок.
„Јас сум многу среќен поради трансферот на Балотели. Истото го очекувам и од најверните фанови на Милан. Ако не го купевме Марио за време на зимскиот преоден рок, тогаш Милан немаше да биде дел од Лигата на шампиони. Марио е тука само една година, а има постигнато многу повеќе погодоци од некои други фудбалери. За жал, има такви кои го паметат само последниот натпревар, има луѓе со кратка меморија. Балотели има дадено многу за Милан и истото ќе го прави и во иднина. Со протестите кои беа организирани пред натпреварот против Парма, навивачите само ги демотивираа играчите на Милан, не направија ништо добро”, изјави Галијани.