
Српскиот тнисер Новак Ѓоковиќ се закити со титулата на мастерс турнирот во Индијан Велс. Тој во финалето беше подобар од Швајцарецот Роже Федерер со 3:6, 6:3, 7:6.
Ова е прва титула за вториот светски тенисер во 2014 година, а со победата во финалето му се реваншираше на Федерер за поразот на турнирот во Дубаи.
На женскиот дел од турнирот Флавија Пенета е сензационалната победничка, откако во финалетоја преслуша фаворизираната Агњешка Радванска од Полска со 6:2, 6:1. Охрабрена по победата над првата носителка Ли На во полуфиналето, искусната Пенета го одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера и ја декласираше Радванска.
За овој триумф Пенета ќе заработи еден милион долари и ќе се искачи на дванаесеттото место на ВТА-листата.