
Министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљикаев, рекол дека за помош на економијата на Крим се потребни десетина милијарди рубљи.
Процените на месечниот дефицит на буџетот на Крим е од 80 до 90 милиони долари, рекол Уљикаев, по обраќањето на рускиот претседате, Владимир Путин.
Краткорочните трошоци, според министерот, повеќе или помалку се јасни, бидејќи тие произлегуваат од проценките на буџетот на Крим и трансферот кои се неопходни за да се обезбеди потребниот баланс.
Што се однесува на долгорочните трошоци, се согледуваат проблеми во транспортот и енергетската инфраструктура.