Роднините на патниците на малезискиот авион ќе штрајкуваат со глад

Роднините на патниците на исчезнатиот малезиски авион се закануваат дека ќе започнат штрајк со глад ако не добијат одговори за исчезнатото летало од властите во Малезија, пренесоа „АФП“.

„Немаме нови вести, сите се загрижени. Роднините велат дека ќе одат во малезиската амбасада и ќе најдат амбасадорот, за лично да побараат одговори од него“, истакнал Вен Ванченг , чиј син бил на бордот на исчезнатиот лет.

По состанокот меѓу претставниците на „Малезија Еирлајнс“ со роднините на патниците, Вен изрази незадоволство од фактот дека малезискиот амбасадор не присуствувал на истиот, истакнувајќи дека роднините на патниците што се наоѓаа на летот МХ370, ќе започнат штрајк со глад.

Две третини од 239 -те патници во авионот се Кинези.