
Украинци бараат азил во Србија, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“. Според изданието во земјата почнаа да пристигнуваат бегалци од Крим и Киев. Информацијата е потврдена од Радош Ѓуровиќ од Центарот за заштита и помош при барање на азил.
„Доаѓаат и такви кои зборуваат руски и живеат во Киев и Украинците кои живеат на Крим“, изјавил Ѓуровиќ.