Без вода неколку скопски улици

Корисниците од улиците Самоилова, Банатска и Јоаким Крчовски од синоќа се без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод“.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улицата Самоилова број 46, а ќе биде саниран во текот на денот.