Прекрасен сончев ден со температура до 26 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Во доцните попладневни часови можен е слаб локален дожд, особено во североисточниот дел на земјата.

Утринските температури се од нула до седум, а дневните ќе бидат од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 25-от степен.