
Дали директорот на УБК, Сашо Мијалков, во соработка со братучедот премиер, Никола Груевски, го држи во заложништво целото стопанство во Република Македонија, праша денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Шилегов тврди дека Мијалков и Груевски преку неколку оф шор фирми раководат со големи македонски компании кои во изминативе години се наоѓаат меѓу најуспешните во земјава.
„По оваа мрежа без крај, Груевски и Мијалков се должни да и објаснат на македонската јавност: Дали од Чешка, преку Панама и Лугано, се влезени во Македонија? Дали на овој начин, преку оф шор фирми ги влечат парите од македонското стопанство и македонските граѓани? И дали тие пари завршуваат за нивни бизниси надвор од Македонија? Погледнете. Ова е луксузен кварт во Прага.
Сопственик на оваа скапа парцела од 9 232 м2, на којашто се гради овој луксузен комплекс згради е наводно продадената фирма МИРТЛАНИС, со којашто управува Горан Гацов, менаџер на Сашо Мијалков во Чешка“, вели Шилегов.