
Oколу 5.500 пензионери годинава бесплатно ќе престојуваат во бања. За нив следуваат шест полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани.
„ Мене ми е особено важно што пензионерите кои до сега ја користеа оваа услуга и пензионерите со кои денеска остварив средба, се навистина задоволни од реализацијата на овој проект и од условите кои ги нудат бањите во Македонија за нив, истакна ресорниот министер. Изминатите години, со овој проект беа опфатени над 22 илјади пензионери, а истиот во континуитет ќе продолжи и наредните години“, посочи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, при денешната посета на пензионерите кои престојуваат во Катлановска бања, во рамки на проектот “Бањско-климатска рекреација”.