
Шест земји надвор од Европската унија, меѓу кои се Црна Гора и Албанија, се придружиле кон санкциите на Европската унија против Русија, соопштија од Кабинетот на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.
Во соопштението се наведува дека Црна Гора, Албанија, Исланд и Молдавија, во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, ги усвоиле европските санкции кон Русија, кои вклучуваат забрана за патувања и „замрзнување“ на сметките на руските и украинските функционери.
Норвешка и Лихтенштајн, кои не се земји членки на ЕУ, но се во состав на Европската економска заедница, исто така, се приклучиле кон санкциите.