Наградени најхуманите крводарители од Карпош

Најхуманите жители од општина Карпош, вчера добија благодарници од градоначалникот Стевчо Јакимовски и од тимот на „Црвен крст“ од Карпош. Крводарителите Томе Георгиевски и Младен Крстевски добија јубилејни признанија за 50 пати дарувана крв, а признание доби и Кире Симоноски за 75 пати дарувана крв.

На посетата беше присутен и големиот хуманист и уметник Живко Поповски – Цветин, кој своето уметничко дело, цртеж со бели рози, му го врачи на градоначалникот Јакимовски.