
Руската Државна дума денеска ја ратификуваше спогодбата за пристапување на Крим кон Русија и за формирање на нови субјекти во составот на Руската Федерација, пренесе „Интерфакс“.
За ратификација на документот гласаа 443 пратеници, а само еден гласаше против.
Договорот меѓу Крим и Русија беше потпишан во Москва на 18 март, а на 16 март жителите на Крим преку референдум одлучија да се присоеднинат кон Руската Федерација.