Со сонце и пријатни температури и’ посакуваме добредојде на пролетта

Со сонце и пријатни температури и календарски го означуваме почетокот на едно од најубавите годишни времиња- пролетта.

Пролетта и официјално ќе пристигне во 17,57 часот на целата северна хемисфера, а во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе започне есента.

Денот ќе трае 12 часа и пет минути, а сонцето изгреа  во 5,39 часот, а ќе зајде во 17,44 часот.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.