Ердоган се налути: Го укинува „Твитер“

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се заканил дека ќе го укине „Твитер“ бидејќи обвиненијата за корупција во неговиот најтесен круг се шират по социјалните мрежи.

„Ние ќе го укинеме Твитер. Не ми е грижа што ќе каже меѓународната заедница. Тие ќе ја видат силата на турската република“, изјавил Ердоган. Неколку часа подоцна корисниците на „Твитер“ во Турција пријавиле бројни прекини во работата на таа социјална мрежа.

Некои корисници, кои се обиделе да го отворат Twitter.com наишле на соопштение, очигледно од тускиот телекомуникациски регулатор во кој што се цитираат четири налози на судот како основа за блокирање на сајтот.