
Сопругата на американскиот претседател, Мишел Обама, денеска со Пенг Лијуан, сопруга на кинескиот претседател, го посети елитното кинеско средно училиште при Универзитетот во Пекинг.
Мишел, која е во прва посета на Кина, во која што пристигна со двете ќерки и мајката, разговарала со учениците од училиштето, од кои 33 Американци се во програмата за размена.
„Сите ученици одлично говорат англиски јазик и тешко се разбираат“, рекла Тина Чен, шефица на кабинетот на Мишел Обама.
Некои од учениците Кинези изразија желба своето образование да го продолжат во САД. Целата на посетата е поддршка на образованието и контактите на учениците од двете земји.