
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска, ќе се обрати пред учесниците на обуката за „Претприемништво и бизнис планирање“ со што ќе се означи започнувањето на циклусот на обуки во рамките на програмата „Самовработување – 2014 година“.
Настанот ќе се одржи во просториите на Агенцијата за вработување со почеток во 11 часот.