
Украина најверојатно ќе остане без големиот, претходно договорен попуст на гас, откако Москва и Киев го ревидираа договорот за Црногорската флота, пишува денеска рускиот деловен дневник „Комерсант“.
Доколку Киев остане без попуст од 100 долари, ќе плаќа и до 480 долари за 1.000 кубни метри природен гас, што е повисока цена од онаа која Гаспром ќе им наплаќа на клиентите во Европа.
Набрзо по доаѓањето на власт во 2010-ѕа година, тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович се согласил на продолжување на закупот на севастополското пристаниште за потребите на руската црноморска флота, кој што би требало да истече во 2017-та година, но е продолжен за 25 години до 2042-ра година. Москва за возврат се согласи да ја намали цената на природниот гас за Украина за 100 долари на секои 1.000 кубни метри.